При третманот внимавајте како третирате. Аплицирањето се врши само врз пчелите, а не и на сатоношите или келиите бидејќи се што е надвор од пчелите не делува на вароата. Оксалната киселина делува погубно на вароата само ако вароата има контакт со неа. Односно со аплицирањето враз пчелите тие најпрвин ќе се обидат да ја јадат но откако ќе утврдат дека е изразито кеисела ќе се откажат од тоа, а со движењето во клубето за кратко сите пчели во друштвото ќе бидат во контакт со оксалната киселина. Бидејќи оксалната киселина има голема киселост слојот врз пчелите останува повеќе од 1 месец, а за тој месец повеќе од 95 % вароа ќе отпадне од пчелите.
Научно е утврдено дека во загинатите варои нема киселина, односно киселината е пронајдена на шапите на вароата (амбулакрите) со кои таа се закачува за пчелите, а киселината е пронајдена и на боковите на вароата со кои таа ја додирнува пчелата.
Третманот најдобро се врши при влажно време, посебно до колку во наредните денови по аплицирањето има магла или дожд бидејќи ефикасноста тогаш е најголема.
На голем дел од пчеларите не им е јасно која е улогата на шекерот. Имено токму препорачаната количина на шекер обезбедува стабилност на киселината, бидејќи ако е помал процентот на шекер оксалната киселина повторно ќе кристализира, а ефикасноста ќе се намали за 20%. Втората улога на шекерот е неговата хигроскопност, па прибирајќи ја влагата од воздухот, долго ја одржува влажноста на пчелите со тоа и оксалната киселина делува подолго.
Голем дел од пчеларите се плашат да ги отворат кошниците на температура под 10 оС но нема потребе од страв. Најдобро е да се третираат на температура од 4 до 6 оС бидејќи на таа температура пчелите се многу мирни и не се вознемируваат.
Паѓањето на вароата се следи 15 дена. За тие 15 дена ќе падне повеќе од 90% вароа, а ќе паѓаат и следните 2-3 месеци, од ден на ден се помалку.
Ако сте го направиле аплицирањето како требе со добра пресметка на дозата тогаш повеќе од 90 % вароа ќе отпадне. Научниците докажале дека друштвото не смее да влезе во пролетта со повеќе од 50 варои. Но како да утврдиме дека во кошницата останале 50 варои? Ако во контролните друштва на подницата пронајдеме 450 варои, а ефикасноста на оксалната киселина е 90% значи во кошницата е останато 50 варои што е некој максимум. Ако имате повеќе од 450 варои тогаш напролет ќе морате да третирате со некој друг препарат, најдобро на база на тимол.
При аплицирањето на оксалната киселина задолжително е употреба на заштитни ракавици и заштитно одело. До колку сепак се накапете на некој дел од кожата потребно е добро да се измиете со вода и нема да се појави ниту црвенило. Внимавајте да не дојдете во допир со киселината кога е во кристали бидејќи е опасна по вашата кожа. Задолжително е носење на наочари за да случајно не шприцнете во очите бидејќи тоа е доста опасно. Ако сепак се случи исперете го окото со чиста вода и нема да има проблем но сепак отидете на лекар. Пчеларската капа е задолжителна бидејќи може да се деси некоја од пчелите што веќе е аплицирана да ве боцне па така и киселината да ја нанесете на кожата. На овие сајтови можете да видите на кој начин се аплицира оксалната киселина.

<< претходно 

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing