Пчелите смолата ја собираат од капките кои се појавуваат на кората од стеблото, потоа од површините на плодовите кај некои видови растенија или - што е најчест случај- од пупките и младите листови.

Целосно не е разјаснето што ги привлачи пчелите кај изворите на смола. Франсоа Ибер уште пред два века направил едноставен експеримент за да го пронајде одговорот на ова прашање. Пред влезот на кошницата поставил гранка од топола со добро развиени пупки и со помош на неговиот соработник го истражувал понашањето на пчелите. Приметил дека пчелите со своите антени ги додирнуваат пупките преместувајќи се од една на друга и после тоа започнуваат да собираат смола од нив. Во секој случај кога ќе пронајдат извор на смола пчелите почнуваат да ја собираат. Ибер (1814), Хајдак (1953) и Мејер (1956) многу добро го опишале овој процес кој се одвива во 4 фази кои што предхпдат на пакувањето на смолата во корпичките (lat. corbicula):
1.Откинување на парченца прополис со мандибулите;
2.Обработка на парченцата прополис со мандибулите и презимање со предните нозе;
3.Преместување на парченцата од предните на средните нозе;
4.преместување на парченцата од средните нозе до кошничките на истата страна.
Овој процес се повторува се додека не ги наполнат кошничките. Откако комплетно го завршиле процесот на собирање, приметено е дека пчелите неколку секунди летаат над изворот на смола, а потоа се спуштаат да ја дополнат секоја корбикула. Значењето на ова надлетување е непознато, иако некои научници сметаат дека пчелите на тој начин ја проценуваат тежината на натоварената смола. за да ги наполнат двете кошнички на пчелите им се потребни најмалку седум минути, но целиот процес може да потрае и повеќе од 15 минути па дури и цел час - во зависност од временските прилики.

<<претходна страна продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing