Кога ќе ги наполнат пчелите се враќаат во гнездото за да се ослободат од товарот. За истовар на смолата е потребно 15 минути, меѓутоа процесот може да се продолжи од 1 до 7 часа па и подолго. Бидејќи работничките не можат сами да ги испразнат своите кошнички, оваа работа ја работат таканаречените „домашни пчели“. Кога излетничките ќе се врати натоварена со прополис тие бараат место на кое има потреба од прополис. Кога ќе го пронајдат местото тие чекаат да се појават домашните пчели кои што со мандибулите ќе откинуваат парчиња од нивните кошнички. Кога ќе откинат парче тие веднаш го вградуваат, а потоа со помош на мандибулите го мазнат и гланцаат, на сличен начин како кога од листенца восок градат саќе. Сега смолата и званично станува прополис, физички и хемиски одбранбен бедем на пчелното гнездо. Се случува исто така пчелите одредена количина прополис да складираат на одредено место во кошницата, а подоцна да го користат за нанесување на ивиците на келиите, или на некое друго место во кошницата каде што има потреба. Накамура во 2006 година утврдил дека пчелите кои го презимаат прополисот припаѓаат на групата пчели од средна каста кои што полека го напуштаат куќните работи и преминуваат во излетнички.
Социјален имунитет
Социјалните инсекти живеат во големи групи во кои бес прекин остваруваат огромен број на контакти помеѓу себе и поради тоа се изложени на зголемен ризик од појава на болест и пренесување на паразити. Во споредба со останатите не-социјални инсекти имаат стекнат индивидуален имунитет, што укажува дека располагаат со мал број на механизми за физиолошка одбрана. Покрај индивидуалниот имунитет, социјалните инсекти поседуваат и така наречен „социјален имунитет“. Овој феномен присутен е кај пчелите, мравките, осите и термитите. Опфаќа голем број на активности: од вообичаени работи, како што се меѓусебно чистење на членовите на заедницата и отстранување на мртвите единки од централниот дел на гнездото, преку „социјална грозница“ (која што пчелите ја користат за се ослободат од предизвикувачот на варното легло, габата Ascosphaera apis) до хигиенско понашање (детекција и отстранување на заболено или со паразит заразено легло). Еден од механизмите на социјалениот имунитет кај медоносните пчели е собирање и користење на смолата, сложен растителен секрет со разновидни антимикробни својства. Пчелите смолата ја собираат од различни билки и ја пренесуваат во заедницата каде ја користат како прополис-„одбрана на градот“.