Најглемиот дел од научниците сметаат дека во текот на процесот на обложување, или како уште се нарекува „цементирање“ пчелите не додаваат други состојки во прополисот, иако постои евиденција дека хемискиот состав на прополисот соберен директно од пчелите излетнички и оној на зидот од кошницата се разликува. Научниците претпоставуваат дека оваа разлика се појавува поради тоа што за време на враќањето на пчелите од растенијата до кошниците одредени хемикалии испаруваат од прополисот. Покрај тоа примерокот од прополисот од една пчелна заедница содржи состојки од различни извори и различни концентрации: извесна количина на восок и некои состојки кои потекнуваат директно од растенијата.
Собирањето и одложувањето на прополисот во кошницата се одвива по еден прилично ист временски шаблон. Во текот на сончевите денови, собирањето обично го прават во текот на најтоплиот период, помеѓу 10 h пред пладне и 15,30 h, најверојатно поради поради поголемата еластичност на смолата на високи температури, додека одложувањето во внатрешноста на гнездото воглавно се врши во попладневните часови. Во некои периоди собирањето е многу поинтензивно-најмногу при крајот на јуни, но и во текот на есента кога поминале најзначајните нектарски паши, иако во текот на целата излетничка сезона можат да се забележат пчели што носат прополис на своите ноженца. Порано се сметаше дека интензивното собирање на прополис се должи на желбата на пчелите да ја дочекаат зимата добро подготвени. Меѓутоа, последните години прифатена е тезата дека зголемениот унос на прополис при крајот на летото се должи на сезонските промени и собирачките активности. Имено, во периодот кога е појачано лачењето на нектар и полен пчелите повеќе се мотивирани нив да ги собираат отколку прополис. И иако е познато дека пчелите нема, кога е лачењето на нектар и полен најголемо, во текот на еден ден да собираат нектар и прополис, Накамура и Сили докажале дека при крајот на септември една третина од излетничките што собирале смола истиот ден се префрлаат на собирање нектар и полен.
Што ги стимулира пчелите да собираат смола?
Секоја пчела поединачно може да ја детектира потребата за прополис и по пат на кумуникациски сигнали (пчелан танц) да соопштат на заеницата дека требе да се донесе прополис, слично како што се соопштува за богат извор на нектар.
Медоносните пчели во проценти различно го користат прополисот. Додека некои видови пчели многу малку се потпираат на оваа супстанца, други пак го собираат во големи количини и го користат за различни потреби. Така на пример, џиновската азијска пчела Apis dorsata само понекогаш го употребува прополисот и тоа за да го појача спојот на саќето и гранките на кои виси саќето. Од друга страна најважниот вид на азиска пчела Apis cerana воопшто не користи прополис. Џуџестата пчела Apis florea го користат прополисот за да го заштитат гнездото, кое што е големо колку една човечка тупаница, од мравките (ја обложуваат со прополис гранката на која е закачено гнездото правејќи еден вид прстен). Европската, или коко уште ја нарекуваат, западна медоносна пчела Apis melifera го користи и собира проплисот мноу повеќе од сите азиски видови. Прополисот е присутен во сите пчелни друштва, иако од заедница до заедница ноже да има значајни отстапувања во количината и обемот на користење.
Што им кажува на пчелите имкажува дека е потребно да донесат уште смола во кошницата? Бидејќи во кошницата секогаш е темно, тие со помош на своите антени ги детектираат отворите, пукнатините и неправилностите во архитектурата на пчелното гнездо кои што можат овозможат влез на микроби, непријатели или прекумерен проток на воздух и сончева светлина. Што го одредува интензитетот на собирање? Накимура и Сили во 2006 година предложиле можнио решение:
„Пчелите што собираат смола ја проценуваат потребата на заедницата за прополис врз основа на времето за кое домашните пчели ќе ја отстранат смолата од нивните нозе... Процесот на собирање на прополис се одвива според побарувачката-како одговор на потребите на заедницата за оваа супстанца“.