Значењето на прополисот за здравјето на пчелите

Уште од античко време на човекот му е познато антимикробното дејство на прополисот врз човечките патогените. Бројни истражуваења покажале дека оваа сложена супстанција има силна хепатопротективни, антитуморни, антиоксидативни, антимикробни и антиимфламторни својства. Меѓутоа, многу малку се знае за антимикробните дејства на прополисот на пчелните патогени. Во последно време научниците се фокусирале на истражувања на функцијата на прополисот во пчелната заедница, пред се на неговото директно или индиректно влијание на патогените и паразитите.

Америчка чума: Најголем брј истражувања за ефикасноста на прополисот против пчелните болести се однесуваат за неговото влијание на патогената Paenibacillus larvae, предизвикувач на америчката чума на леглото. Млаџан и Сулимановиќ уште во 1982 година мали еднорамни нуклеуси ги хранеле со воден и алкохолен раствор на прополис. При тоа утврдиле дека бројот на заболени ларви значително е помал во третираните заедници но утврдиле и дека прополисниот третман не е доволен да се елиминира болеста во целост.

Вароа: последните неколку децении Varoa destructorot претставува најопасниот паразит во пчелната заедница. Неодамнешните податоци за ефикасноста на прополисот против вароата наговестуваат дека оваа супстанца можеби може да ги замени се повеќе неефикасните и по пчелите штетни хемиски средства кои што на големо се користат во пчеларската пракса.Лабараториските експерименти покажале дека со директен третман со слаб етанолски раствор на прополис (10%) предизвикува скоро стопроцентна смртност на вароата. Нешто послабиот етанолски раствор (9,5%) има наркотичко дејствао на крлежите, кои што се доволни да го успорат растот на популацијата на паразитот.
Марла Спивак и М.Симоне-Финстром пред извесно време спровеле експеримент за влијанието на прополисот врз репродукцијата на вароата: со сликарска четка ја премачкале внатрешноста на кошницата со прополисен раствор, а со спреј го испрскале празното саќе.
Прелиминарните резултати (Марла Спивак и М.Симоне-Финстром, необјавени податоци, преземено од списанието Apidologia, јуни 2010) укажуваат дека прополисниот третман може да го намали бројот на возрасни женки варои. Со промената на нивото на репродукција би можело значително да се намали наталитетот на вароата во пчелната заедница со што би се намалила употребата на хемиски средства кои што денес се користат за борба со овој паразит на пчелите. Имано бидејќи било кое парче прополис во себе содржи повеќе од 300 различни хемиски својства, за вароата би било невозможно да развие резистентност на оваа сложена материја.

<<претходна страна продолжува >>

Copyright © 2010. Designed by MediaMarketing