Прополисот и пчеларската пракса
Иако пчеларите користат разни хемиски средства за да го спречат ширењето на болести и паразити, неодамнешните истражувања укажуваат на некои многу важни но прилично запоставени аспекти на модерната пчеларска пракса. Прво, дизајнот на модерната кошница би требало да претрпи модификации за да дозволи поставување на „прополисната обвивка“ како што е случај со природните живеалишта - важна антимикробна „капсула“ која што има директен ефект на индивидуалниот и социјалниот имунитет на пчелите. Најголем дел од пчеларите не ги радува присуството на прополис кој што се лепи по рамките и телата на кошницата со што го отежнува работењето на пчеларот. Хојт своевремено на шега рекол дека прополисот е „проклетство за пчеларот“ и дека не би било чудо научниците во иднина да селектираат линии на пчели кои штоќе собираат прополис во мали количини. Мазните зидови на кошницата кај пчелите ја елиминираат потребата за правење ан прополисна обвивка, која што во шуплините од дрвата ја прават само поради природните неправилности на зидовите. Важноста на прополисот за формирање на социјалниот имунитет во пчелната заедница мора да се свати најозбилно и да се бараат начини за користење и во модерната пчеларска пракса. Според предходно кажаното новоформираните роеви при крајот на летото не требе да се населуваат во нови непрополизирани кошници бидејќи ризикот за ширење на инфекција е многу поголем отколку ројот да се насели во веќе користена кошница.
Восков молец: Освен разни болести, вируси и патогени пчелите ги загрозуваат и некои поголеми паразити и штеточини. Спроведени се неколку истражувања за ефикасноста на прополисниот раствор против големиот восков молец, паразит кој најчесто ги напаѓа ослабнатите пчелни заедници. Експериментите дизајнирани слично на оние со вароата покажале дека прополисниот раствор предизвикува смрт на восковиот молец и неговата ларва. Постојат индиции дека етеричните испарувања на прополисот ја спречуваат ефикасната репродукција на восковиот молец во кошницата.
Athina tumida: Интересно е дека капската медоносна пчела, Apis mellifera capensis, која што ја населува Јужна Африка, околу овој мал паразит прави еден вид „прополисен затвор“ кој има улога да го спречи неговото размножување.
Мумуфицирање: Европската медоносна пчела несаканите гости што не може да ги изнесе од гнездото ги балсамира. Така на пример со прополис ги обвиткуваат глувците и стршлените што не можат да ги изнесат со тоа спречуваат непријатната миризба и бактериите да се расшират по останатите делови од кошницата. Азиската пчела Apis dorsata исто така ги обвива страните тела со прополис, а еден вид пчели Trigona carbonaria ги мумуфицира несаканите госи со мешавина направена од восок, прополис и муљ (батумен).
Како што гледаме мумифицирањето на предатори и паразити е расширен феномен меѓу социјалните инсекти. А ако пчелната заедница ја посматраме како суперорганизам (единствен организам, сличен на цицачите, кој се состои од голем број органи распоредени во функционални единици) тогаш ваквото нејзино понашање е аналогно на имунитетот кај сложените организми. Имено како што ќелиите ги истиснуваат страните микроби и паразити кај сложените организми, така и прополисотпрдставува механичка бариера која ги спречува паразитите да се ссместат во гнездото или пак спречува паразитите и микробите да се развијат внатре во гнездото.