Социјален имунитет: Најновите истражувања укажуваат дека прополисот има многу поголема улога во имунитетот на пчелната заедница отколку што е директната одбрана од паразити и патогени. Мариа Спивак и М.Симоне-Финстром во 2007 година направиле истражување за да одредат во која мера животното окружување богато со прополис влијае на експресијата на имуно-гените на медоносната пчела. Научниците вештачки ја збогатиле заедницата со прополис на тој начин што со четка на зидовите нанеле прополисен раствор. После извесно време зеле пчели со различна старост и со современа ПЦР техника ја испитувале експресијата на нивните имунио-гени. Тие утврдиле дека пчелите со старост од 7 дена земени од кошницата третирана со прополис имаат знатно помала експресија на два гена поврзани со имунитетот (hymenoptaecin антибактериски пептид и AmEater, ген кој е вклучен во ќелискиот имунитет). И не само тоа откриено е дека намалената експресија на имуно-гените е резултат на намалената вкупна маса на бактерии во пчелното гнездо. Откритието има големо значење, бидејќи познато е дека зголемената експресија на имуно-гените влијае на кондицијата на пчелната заедница, што пак за последица има намалена продуктивност и пократок животен век на пчелата. Ова е прв потврден случај дека некој дел од пчелното гнездо влијае на имунитетот на единката и пчелната заедница.Резултатите на ова истражување се поткрепени и со едно лабараториско испитување поврзано со шумските мравки Formaca paralugubris, кои што собираат смола од смреките и ја носат во своето гнездо. Во земјата земена од мравјото гнездо вештачки збогатена со смола е пронајдено значително помал број бактерии и габички.
Fransoa Iber со своите соработници уште при крајот на осумнаесетиот век утвдил дека пчелите ги облепуваат со прополис ивиците на врвот на чистите и изгланцани келии. Ribands тврди дека со ваквата употреба на прополисот пчелите се обидуваат да спречат пренесување на болести во повторно користена келија. На оваа појава во иднина мора да се посвети поголемо внимание
Моментално вниманието на научната јавност е свртена кон природната употреба на прополисот од страна на пчелите како механизам за резистентност на болести. Пчелите прополисот не го користат само за правењеобвивка на зидовите од кошницата и за стеснување на влезот во гнездото. Fransoa Iber со своите соработници уште при крајот на осумнаесетиот век утвдил дека пчелите ги облепуваат со прополис ивиците на врвот на чистите и изгланцани келии. Ribands тврди дека со ваквата употреба на прополисот пчелите се обидуваат да спречат пренесување на болести во повторно користена келија. На оваа појава во иднина мора да се посвети поголемо внимание. Познатиот амерички апидолог Denis van Englsdorp неодамна открил појава која ја нарекол „закопан полен“. Имено тој открил дека пчелите хемиски контаминираниот полен (со потекло од земјоделски хемикалии, но и од средства за третирање на пчелни болести) го затрупуваат со дебел слој на прополис. Покрај тоа сеуште не е разјаснето дали антибактериското дејствување на прополисот се остварува директно преку контакт со микробите или е тоа преку испарување на етеричните состојки на прополисот. По се изгледа прополисот делува и на двата споменати начини, во зависност од тоа за кој организам се работи.